Сонда на НАСА сними „змеј“ на Марс (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Камерата на High Resolution Imagine Science Experiment (HiRISE) која се наоѓа на сондата на НАСА Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) веќе откри дека Црвената планета е навистина чудна. Од појавата на логото на „StarTrek“ на дното на џиновскиот кратер, преку тотемот на домот наСтарк од „Game of Thrones“, до лавините со сува прашина. Нов додаток на оваа листа е „змејот“, откриен скриен во дел од големиот кањонски систем на Марс, долината Маринер, кој се протега низ екваторот на планетата.

Дизајниран и управуван од Универзитетот во Аризона, HiRISE е најмоќната камера што некогаш е испратена на друга планета. Со висока резолуција до 30 сантиметри (11,8 инчи) по пиксел, камерата испраќа податоци од 2006 година и опфаќа над 2,4 проценти од површината на Марс. Едно од многуте фотографирани места е Мелас Казма – најширокиот сегмент од системот на кањонот на долината Маринер.

Сликата направена на 258 километри над југозападниот дел на Мелас Казма во 2007 година, покажува дека на дел од карпата и кањонот се појавил „змеј“. На фотографијата, светло-кафеавата површина на кањонот е испрскана со необични наслаги со дијаметар од 100 до 500 метри. Нивните морфологии исто така се разликуваат.

Додека повеќето изгледаат заоблени, некои имаат остри рабови и можат да бидат многу издолжени, што според Кејти Ваиц од Универзитетот во Аризона е доказ за пластичната деформација.

Слични содржини