СОНК го става штрајкот во мирување

од Vladimir Zorba

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) денеска соопштија дека го ставаат штрајкот во мирување до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес денеска сподели дека се надеваат дека Министерството за образование ќе се изјасни што побрзо за решенијата.

СОНК побара во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.

Министерот за образование смета дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација. Тој изрази жалење дека денеска немаат договор, но се надева дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за покачување на платите.

– Јас ги поканувам претставниците на СОНК во МОН за последна рунда на пријателски преговори, каде ќе се знае финалниот став, кои имаат заедничка цел – подобрување на условите во образованието. Максимално сме посветени и сакаме да изнајдеме решение, смета министерот за образование.

И.Р.

Слични содржини