СОНК и МОН на чекор до договор, понудени повеќе решенија

од Берта Китинска

Разговаравме за повеќе понудени решенија и дојдовме до приближување на ставовите во однос на спорот помеѓу СОНК и МТСП, кажа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по средбата помеѓу СОНК и МТСП.

-Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме конечно решение во однос на исплаќање на дневниците на наставниците за време на штрајкот. Тоа ќе биде во рамки на законот и во интерес на сите страни, рече министерката Тренчевска.

Јаким Неделков од СОНК рече дека можно е да продолжи штрајкот доколку не се договорат за повисока плата на наставниците.

– Доколку не најдеме прифатливо решение ќе продолжиме со штрајкот, но имаме надеж дека тоа нема да се случи, кажа Неделков.

Слични содржини