СОНК и Владата продолжуват со разговорите: „Има шанси за зголемување на 12-те%“

од Nikola Popovski

Повторно има нијанси на размислување за дополнително зголемување на понудените 12%, но кога, за колку се детали кои што се уште ги утврдуваме и за жал, ниту министерот не може да излезе официјално со став, бидејќи ги нема точни информации од Министерството за финансии, изјави денеска директорот на СОНК, Јаким Неделков по третата рунда преговори помеѓу СОНК, министерството за образование и посредникот, кој треба да го олесни дијалогот.

Според него, со детската заштита има сериозен проблем, каде до ден денеска нема најави за исплата на дневницитеи и може да биде сериозен проблем за нарушување на процесот на преговори.

Нова средба ќе има в недела кога практично истекуваат првите 10 дена предвидени со закон за да се реши спорот. Согласно законот за мирно решавање работни спорови, ако една од страните не е задоволна рокот за помирување се продолжува за дополнителни десет дена.

Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.

Слични содржини