Sony PlayStation 5 ќе биде осум пати побрз од PlayStation 4 Pro

од Vlatko K

Љубителите на видео игри имаат многу опции за избор на хардвер, со кој ќе се забавуваат со
своите омилени наслови. На пример, Nintendo Switch е атрактивен систем на игри со модуларен
дизајн кој е дизајниран за сите членови на семејството. И покрај иновативната визија, сепак,
повеќето гејмери ги претпочитаат помоќните понуди во овој сегмент, имено Sony PlayStation 4 и
Xbox One. Време е да истакнеме дека се продава и верзија PS4 Pro, која поддржува виртуелна
реалност.


Следната верзија на конзолата не само што ќе ја нуди оваа функција, туку и уште поимпресивни
способности, како целосно елиминирање на „кочењето“ во игрите. Ние веќе ве информиравме дека
Sony PlayStation 5 ќе има AMD Ryzen 3600G процесор и ќе чини 399 долари, а сега разбираме уште
повеќе детали за подобрувањата во уредот. SlashGear нè информира дека моќниот PS5 хардвер ќе
донесе до осум пати подобри перформанси отколку кај Sony PlayStation 4.

Податоците се од презентацијата на шефот на Sony, Казуо Хираи. Краткото видео покажува дека
PlayStation 4 Pro успева да визуелизира интерактивна средина со висока резолуција за околу 8
секунди. Во исто време Sony PS5 ја репродуцира содржината за едвај 0.83 секунди. Оваа
демонстрација е дефинитивен доказ дека новата конзола ќе ни понуди импресивни подобрувања
во сферата на брзината. Во оваа фаза, од компанијата не откриваат други детали за хардверот, со
кој PS5 ќе конкурира на Xbox Onе 2.

Слични содржини