Sony Xperia 1 со конечна цена и премиерна дата

од Vladimir Zorba

Sony конечно го објави датумот на премиерата и цената на својот предводник Xperia 1. OLED екранот во формат 21: 9 со HDR поддршка, ќе се појави на 12-ти јули за 950 долари. Овде зборуваме за првиот OLED 4K HDR дисплеј во мобилен телефон.

Најавен најнапред на MWC 2019, без сомнение клучната карактеристика на Sony Xperia 1 е споменатиот 6.5-инчен дисплеј со 3840х1644 резолуција. Според компанијата екранот ги репродуцира боите толку точно дека едно од нејзините филмски студија го користела Sony Xperia 1, за да ги видат снимените кадри на сетот. За максимална автентична HDR содржина, Sony Xperia 1 ќе користи некои алгоритми првично креирани за Bravia телевизорите. Самиот дисплеј е заштитен со најновото стакло Gorilla Glass 6.

„Под хаубата“ на Sony Xperia 1 работи чипсет Snapdragon 855, дополнет од 6 GB RAM меморија и 128 флеш складирање, која може да се зголеми со microSD картичка. Уредот поддржува опции за поврзување како Gigabit 4G / LTE, 802.11ac Wi-Fi, Bluetooth 5.0, NFC, A-GPS, GLONASS, BDS, GALILEO. Аудиото поддржува Dolby Atmos и звучниците се поставени од инженерите на Sony Pictures Entertainment.

Покрај интересниот дисплеј, Sony Xperia 1 доаѓа со тројна задна камера, која се состои од стандарден широкоаголен и телефото сензор. Таа снима 4К HDR во 24 фрејмови во секунда, а селфи камерата е 8 МР.

Како еден од првите 21: 9 смартфони на пазарот Sony Xperia 1 е невообичаено долг, но во исто време е комфорен за држење во рака. Телефонот ќе биде достапен во две бои, а добрата вест е дека цената од 950 долари е малку пониска од гласините кои неодамна зборуваа за 1.000 и повеќе долари.

Слични содржини