Sony Xperia 1R ќе биде првиот смартфон со 5K дисплеј

од Vlatko K

Sony го претстави овогодинешниот предводник во февруари, а Xperia 1 е првиот паметен телефон
во светот кој има 4K OLED дисплеј со сооднос на екранот од 21:9. Компанијата веќе работи на
наследникот на уредот, чија премиера ќе стане реалност пред крајот на годината. Информациите
поврзани со регистрацијата на моделот во базата на податоци на UA Prof откриваат дека неговото
име ќе биде „Xperia 1R“. Многу е веројатно дека презентацијата ќе биде на ИФА 2019 во септември.


Според податоците, Xperia 1R ќе го наследи Sony Xperia 1 и ќе биде опремен со дисплеј чија
големина не е позната, но поддржува резолуција од 5040 × 2160 пиксели. Соодносот на екранот е
повторно 21: 9, но веќе е со резолуција од 5K, пишува GizmoChina. Во пракса, ова значи дека
паметниот телефон ќе има 70% повеќе пиксели на екранот од Xperia 1. Густината на пиксели
достигнува импресивни 889ppi за мобилната индустрија.

Во овој момент немаме информации за другите карактеристики на Xperia 1R. Традиционално,
компанијата е прилично активна во ИФА, а претстојниот саем нема да биде исклучок. Многу е
веројатно дека ќе видиме уште неколку паметни телефони на Sony, вклучувајќи ги и Xperia 20 и

Xperia 20 Pro. Премиерата на уредите ќе му овозможи на јапонскиот производител да се
натпреварува поуспешно со другите компании во смартфон сегментот со Android до крајот на 2019
година.

Слични содржини