Сообраќајна несреќа рано утрово во центарот на Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

На 13.11.2022 околу 04,00 часот е пријавено дека на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Скопје.

По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини