Сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет, малолетничка заврши со тешки повреди

од Nikola Popovski

МВР информира дека во сообраќајка во Скопје, која се случила синоќа меѓу автомобил и електричен тротинет, две девојчиња, од кои едното потешко, се повредени.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22.30 часот на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“ кога автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје удрил во електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини