Сообраќајка меѓу мопед и товарно возило, малолетник тешко повреден

од Берта Китинска

На 30.06.2021 во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат Скопје – с.Пакошево се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „баотиан“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Зелениково и товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(65) од с.Зелениково.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини