Сообраќајка на Табановце, тешко повреден мотоциклист

од Берта Китинска

На 31.07.2022 околу 21.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Граничен премин „Табановце“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с.Сопот, кумановско и мотоцикл „јамаха“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(40) од Свети Николе, информира МВР.

По несреќата, А.А. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Слични содржини