Сообраќајка во Сарај: Со автомобил удрил во бетонски ѕид и во полициско возило, тројца повредени

од Берта Китинска

„На 03.06.2020 во 08.00 часот било пријавено дека во с.Сарај патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје, удрило во бетонски ѕид и во патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Ф.Р.(35) од Скопје.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Е.Д.(23) се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од МВР.

Возачот И.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини