Сообраќајка во Валандово, тешко повреден моторциклист

од Milan1

Вчера околу 15.00 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска” и „Лазар Колишевски” во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од с.Дедели, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, а увид извршила екипа на полициската станица Валандово, информираат од МВР.

Слични содржини