Сообраќајка за време на полициски час во Тетово, двајца повредени

од Берта Китинска

Во време на полицискиот час вчера во 19.35 часот на крстосница од улица „Илинденска“ и улица „Боро Вулиќ“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која се повредени двајца возачи.

При инцидентот е удрено во паркирано возило.

– Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (26) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Шемшево и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, паркирано од Е.Р. (24) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Клиничка болница-Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Инаку, во изминатите 24-часа (25/26-мај), според статистиките на Секторот за внатрешни работи Тетово евидентирано е дека четири лицa, од кои едно лице над 67-години, не ја почитувалe одлуката за ограничено движење. Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“

Слични содржини