Сообраќајна несреќа карши УЈП (ФОТО)

од Nikola Popovski

Попладнево се случила сообраќајна несреќа во центарот на град Скопје, на булевар „11-октомври“.

Според информациите од лице место, дошло до судар помеѓу мотоцикл и автомобил марка „пежо“ во близина на зградата на Управата за јавни приходи.

Полицијата врши увид на местото на несреќата. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Фото: Локално

Слични содржини