Сообраќен метеж во центарот на Скопје (фото)

од Берта Китинска

Свирежи од возила, сообраќаен метеж , ваква беше сликата утрово во центарот  во Скопје.

Колоната од автомобили беше создадена поради бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот.

Од ЦУКС известуваат дека во овој период од денот поголем број возила има долж :
-бул. Александар Македонски во двете насоки,
-мост Нова железничка станица кон ул. Никола Карев,
-бул. 8ми Септември во двете насоки на движење,
-бул. Илинден во двете насоки,
-бул. Гоце Делчев во двете насоки,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Мајка Тереза,
-ул. Перо Наков кон мост Тодор Александров,
-бул. Киро Глигоров во двете насоки.

 

Слични содржини