Сообраќајка кај Народна банка – камион влета во автомобил

од Nikola Popovski
156 прегледи

Сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот пред зградата на Народната банка во Скопје. Во неа учествувале еден автомобил и еден товарен камион.

Како што може да се види од фотографијата која ни ја испрати читател, камионот удрил во возилото и го свртел во спротивна насока. Засега нема информации за повредени лица.

Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денот.

Фото: Локално

Слични содржини