Сопругата на диџеј Ицко: Ти благодарам што ми беше сопруг, родител за пример и другар со големо Д за сите

од Берта Китинска

Четириесет и осумгодишниот диџеј Ицко – Ристо Меловски ја изгуби борбата со коронавирусот по неколкудневно боледување.

Најголемата болка ја чувствува неговата сопруга Наташа Меловска, која на Фејсбук се прости од својот сопруг.

-Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но, морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се соменвај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста, напиша Наташа.

Ристо Меловски, кој на јавноста ѝ беше познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“, почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје.Тој беше сопруг и татко на две деца.

Диџеј Ицко на клупската сцена во земјава опстојува повеќе од 15 години и тој е синоним за електронската и прогресивна музика во земјава. Тој десетина години беше дел тимот на радиото Антена 5.

Слични содржини