Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

од Nikola Popovski

Американски федерален судија ја осуди Ема Коронел Аиспуро, сопруга на мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман, попознат како „Ел Чапо“, на три години затвор за нејзината улога во помагање на нарко картелот Синалоа.

Казната е помала од четирите години што ги бараа обвинителите, а судијата Рудолф Контрерас рече дека била млада тинејџерка кога се омажила за кралот на дрогата и дека соработувала по нејзиното апсење во февруари 2021 година, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Таа призна дека му помогнала на нејзиниот сопруг да управува со неговата криминална империја вредна повеќе милијарди долари.

Ема Коронел Аиспуро беше уапсена во февруари на меѓународниот аеродром Далес во Вирџинија.

Мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“ беше прогласен за виновен за водење на криминална организација која шверцувала тони дрога во САД, поради што во 2019 година беше осуден на доживотен затвор.

Фото: TNS / Zuma Press / Profimedia

Слични содржини