Сопругата на Канје Вест повторно прошета полугола…

од Vladimir Zorba
575 прегледи

Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори, повторно го привлече вниманието со своето голо издание во Италија.

Откако Италијанците веќе го изразија своето незадоволство од нејзините комбинации, а новата сопруга на раперот ја пријавија во полиција поради нејзиниот контроверзен стил што го покажува на улиците на нивната католичка земја, 28-годишната Бјанка реши сето тоа да го игнорира и да покаже се.

Овој пат таа прошета во полупроѕирен комбинезон кој речиси ништо не остава на фантазијата. Своето смело издание го комплетираше со бели потпетици, а може да се забележи дека не носи градник.

Бјанка Ценсори

Бјанка Ценсори

За разлика од неа, 46-годишниот Канје облечен „од глава до пети“ – избра црна маица со долги ракави и црни широки панталони, а по улиците и понатаму шеташе бос.

Бил забележан и како оди со шише шампањ во раката.

Слични содржини