Сопругата на командантот на Азов: Звучеше како да се збогува

од Stefanija Kuzmanovska

Денис Прокопенко се јавил од фабриката за челик Азовстал, во која се сместени стотици цивили и илјадници борци, и која руските сили сè уште не успеваат да ја освојат.

Нема да се предадат, само се надеваат на чудо, изјавила Катерина Прокопенко по телефонскиот разговор со нејзиниот сопруг Денис, командантот на Азов, пренесува Sky News.

Тој се јавил од фабриката за челик Азовстал, во која се сместени стотици цивили и илјадници борци, а која руските сили сè уште не успеале да ја освојат.

„Рече дека ќе ме сака засекогаш. Полудувам поради сето ова, се чинеше како да се збогува“, додала Катерина.

„Горд сум на моите војници кои прават натчовечки напори да го спречат притисокот на непријателот… ситуацијата е исклучително тешка“, рекол Денис во кратката видео порака објавена на Телеграм во средата.

Во таа прилика потенцирал дека тешки крвави битки против руските сили се водат во Мариупол, а особено во Азовстал.

Слични содржини