Сопругата на Меси објави ФОТОГРАФИЈА од завидната фигура, се огласи Џорџина

од Stefanija Kuzmanovska
364 прегледи

Убаво е да се види жена како поддржува жена. Сепак, никој не очекуваше дека сопругата на Роналдо ќе ја поддржи сопругата на неговиот најголем ривал Лео Меси.

Дури и оние кои не следат фудбал знаат за ривалството меѓу Меси и Роналдо. Постојаната битка за тоа кој ќе биде подобар по се изгледа не влијаеше на односот на нивните сопруги бидејќи сопругата на Роналдо ги изненади сите со потег на Инстаграм.

Убавата Аргентинка Антонела Рокузо сака слободното време да го користи за вежбање, што се гледа и на нејзината завидна фигура. Таа на Инстаграм објави фотографија во спортски градник и хеланки во иста боја, а нејзината добра фигура предизвика бројни комплименти.

Ниту Џорџина Родригез не можеше да одолее на пофалбите, под нејзината фотографија остави зелено срце емоџи, со што покажа дека меѓу нив нема ривалство!

Слични содржини