Сопругата на министерот Спасовски ќе оди во самоизолација

од Nikola Popovski

Само едно лице од сите контакти на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, ќе оди во изолација, а од неофицијални информации станува збор за неговата сопруга.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека издал само едно решение за самоизолација, по епидемиолошката анкета на лицата кои изминатите денови биле во контакт со министерот Оливер Спасовски.

– Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата.

Министерот Спасовски во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија. Во понеделникот, Спасовски напладне се појави на акција за засадување дрва по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации во околината на Велес. На акцијата имаше претставници на Обединетите нации и дел од дипломатскиот кор во земјава. На настанот беше присутен и премиерот Заев.

 

Слични содржини