Сопругата на Надал воодушеви со својот изглед

од desk4

Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо, заедно се од 2005 година, а пред неколку дена својата љубов ја крунисаа со брак. По 14 години тие судбоносното „Да“ го кажаа на Мајорка, на прекрасен луксузен имот, а сите детали беа држени во максимална тајнос. Дури беше поставен  специјален шатор за да се оневозможи снимање од воздух.

 


Но сега конечно светот доби можност да види како изгледа младенците. Нивните фотографи се појавија на социјалните мрежи, а венчаницата на Марија, ги воодушеви модните кругови. Имено госпоѓа Надал, не е типична жена на спортист, не се експонира на социјалните мрежи, живее скромно и не носи скапоцена гардероба.
Таа на венчавката носеше едноставна венчаница од дизајнерката Роза Клара – долг, затворен фустан, елегантен и романтичен, кој совршено ѝ прилега. За повеќе фотографии ѕирнете во нејзиниот Инстаграм профил.

 

 

Слични содржини