Сопругата на претседателот Пендаровски дел од избирачките тимови: Ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност (фото)

од Nikola Popovski

Сопругата на претседателот Стево Пендарвоски, Елизабета Ѓеорѓиевска го сподели своето искуство, како дел од посебните избирачки тимови, кои го спроведоа гласањето за лицата болни од Ковид 19 и за лицата во самоизолација.

„Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од неа да го остварат своето право на глас. Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од Covid-19“, соопшти Ѓеорѓиевска на својот Фејсбук профил.

Таа беше дел од избирачкиот одбор на територија на општина Гази Баба. Ѓоргиевска беше избрана по случаен избор од Државната изборна комисија,а финансискиот надомест кој ѝ следува како член на избирачки одбор ќе го донира во хуманитарни цели.

Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од…

Публикувахте от Elizabeta Gjorgievska в Понеделник, 13 юли 2020 г.

Слични содржини