Сопругата на Роби Вилијамс му подари фарма за марихуана за годишница од бракот

од Vladimir Zorba

   Популарниот пејач Роби Вилијамс (44) од својата сопруга Ајда Филд (38) доби фарма за марихуана за годишница од бракот.

Роби и Ајда се во брак од 2010 година и имаат две деца.

Со подарокот за годишницата, пејачот ќе има своја залиха во подрумот од вилата во Лос Анџелес, каде рекреативната употреба на марихуаната е легална.

Роби е познат по тоа што сака да запали џоинт, за што и отворено зборува. Тој наводно еднаш запалил џоинт и во Бакингемската палата. Тоа наводно се случило во 2012 година, кога настапувал по повод дијамантскиот јубилеј на кралицата.

Популарниот пејач во минатото имаше серизони проблеми со зависност од тешки дроги и алкохол, но успеа да се ослободи од тоа, во што во голема мера му помогна токму сопругата Ајда

Слични содржини