Сопругата на Тозовац: Изгубив дел од животот, не можам повеќе да издржам…

од Берта Китинска

Емилија Мима Живковиќ, сопругата на Предраг Живковиќ Тозовац, кој почина денес, вели дека со неговото заминување изгубила дел од животот.

– Немам веќе сила да зборувам. Ова е моментот кога навистина не можам повеќе да издржам – рече Мима и ги замоли медиумите да не ја контактираат повеќе.

– Ве молам, кажете им на другите новинари да не ми се јавуваат, бидејќи јас навистина веќе немам глас – додаде потресената жена за Танјуг.

Мима, беше неговата најголема љубов цели 40 години, но неодамна тие решија да  го кажат судбоносно „да“.

И двајцата имаат по еден брак зад себе, и заедно за време на емотивната врска немаа деца, што му беше особено тешко на Тозовац бидејќи од првиот брак, кој траеше само неколку години не доби дете, додека Емилија има деца и внуци, кои Тозовац ги прифати како свои.

Неодамна, покојниот пејач раскажа за спомените од средбата со неговата сопруга.

– Се сретнавме сосема случајно и така започна. Се вљубивме штом се видовме – рече Тозовац.

Да потсетиме, Тозовац почина денес на 85-годишна возраст од последиците од ковид 19.

Слични содржини