Сопругата на Зеленски во Британија: Сексуалното насилство е дел од рускиот арсенал

од Nikola Popovski

Првата дама на Украина Олена Зеленска вчера на конференција во Лондон изјави дека „сексуалното насилство и злосторствата“ се дел од рускиот „арсенал“ со кој сакаат да ги „понижат Украинците“ и побара „меѓународен одговор“ во овој поглед.

Сопругата на Риши Сунак Акшата Мурти ја пречека Зеленска пред Даунинг стрит 10. На средбата меѓу сопружниците на двајцата функционери накратко присуствуваше и премиерот Риши Сунак.

„Во моментов, државното обвинителство истражува повеќе од сто случаи на сексуално насилство за кои постои сомневање дека биле извршени од руски војници“, рече Зеленска, додавајќи дека ова е само „мал дел“ од големиот број такви случаи во конфликтот.

Таа потсети дека првиот случај за кој се води судска постапка е случајот со жена која била силувана од војници откако и го убиле сопругот.

-По руската инвазија на 24 февруари, „окупаторите имаа се повеќе можности да ги понижуваат Украинците и, за жал, сексуалното насилство и сексуалните злосторства се дел од нивниот арсенал“, истакна Зеленска.

Русија „систематски и отворено“ врши сексуално насилство, додаде таа.

„Затоа е исклучително важно ова да се прогласи за воено злосторство за да можат агресорите да бидат кривично гонети“, рече таа, повикувајќи на „меѓународен одговор“ за „компресија на сексуалното насилство во конфликтите“.

Конференцијата, која се одржува во понеделник и вторник, ја организираше британската влада заедно со претставници на околу 70 земји.

„Навистина се надевам дека светот ќе одговори на она што се случува во Украина во овој момент“, кажа таа.

Олена Зеленска оцени дека сексуалното насилство е „најсуров и најлуд начин на покажување надмоќ“.

„Сите знаат дека голем број силувања“ извршила руската армија во Украина, но Зеленска истакнува дека жртвите не зборуваат многу за тоа од страв дека нивните агресори ќе се вратат и ќе го повторат делото.

Владата формираше канцеларија за психолошка помош на воените жртви, рече Зеленска.

Британскиот министер Клеверли се огласи на Твитер за да ги пофали напорите на Зеленска по состанокот да ја истакне „ужасната употреба на сексуално насилство од страна на руските сили“.

„Обединетото Кралство стои со Украина и со сите преживеани од овие грозоморни злосторства“, рече тој.

Вашата кампања за истакнување на ужасната употреба на сексуално насилство од страна на руските сили е инспирација за сите нас.

Во петокот, за време на неговата посета на Киев, британскиот министер за надворешни работи Клеверли најави нова пратка со помош и „голема поддршка за жените жртви на силување извршени од руската армија“.

Слични содржини