Сопругот на принцезата Јуџин ќе мора да објаснува за фотографиите со убавиците на јахта

од Vladimir Zorba

Сопругот на британската принцеза Јуџин, Џек Бруксбанк, најверојатно ќе треба да и објасни на својата сопруга што направил на одмор. Имено, папараците го фотографираа како пие вино додека е опкружен со модели, со кои беше во интимна прегратка на јахта крај брегот на Италија.

Британскиот менаџер на барови (35) го поминува викендот на прекрасниот медитерански остров Капри, додека неговата сопруга остана во Виндзор да се грижи за нивниот петмесечен син.

Сопругот на Јуџин го помина петокот на луксузна јахта, истражувајќи ги пештерите околу брегот на Капри.

Му се придружија поранешната уредничка на списанието „Гламур“, Рејчел Залис и манекенката Марија Букелати, која беше фотографирана како се прегрнува со Бруксбанк.

На бродот била и италијанската манекенка Ерика Пелосини, која Бруксбанк наводно ја довел до јахтата со раката на грбот.

Извор близок до Бруксбанк за британските медиуми изјави дека Јуџин не отишла со него затоа што „бил таму за да работи“. Имено, Бруксбанк правел коктели на гламурозниот хуманитарен бал „amfAR Gala“.

Бруксбанк, наводно, го мрази неговиот поранешен прекар „шанкер Џек“, што го стекнал во текот на неговата кариера во ресторан и вински бар во центарот на Лондон.

Во тоа време се запознал со Јуџин, во 2010 година. Тие се запознаа додека скијаа во Швајцарија, и се венчаа во замокот Виндзор во 2018 година.

Двојката сега живее на имотот Фрогмор Котиџ и наводно им плаќаат кирија на принцот Хари и Меган Маркл.

Слични содржини