Сопственикот на „Беса Транс“: Понекогаш велам што не сум бил и јас во автобусот, да бидам умрен

од Vladimir Zorba

Сопственикот на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу чиј автобус излета на автопатот „Струма“, кога загинаа 45 лица, за БНТ вели дека посакувал и тој да бил во автобусот.

– Понекогаш велам што не сум бил и јас во тој автобус, да бидам умрен и јас во автобусот и многу пати го велам тоа. Никој не сакал тоа да се случи, секој го знае тоа. Таа трагедија на никој да не му се случи, бидејќи е навистина тажна трагедија, вели тој во интервјуто.

Целото интервју со Хаџиу ќе биде емитувано на БНТ во 17 часот п македонско време.

Слични содржини