Сопствениците на домашните миленичиња за време на полицискиот час ќе може да ги шетаат во востановените термини

од Nikola Popovski

Во врска со измените и дополнувањата донесени на 56-тата седница за време на претстојниот викенд, Владата ги потсетува граѓаните дека времето за прошетки на миленичињата останува во востановените термини.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита, соопштија од Владата.

Слични содржини