Сопствениците на мачки имаат понизок ризик од срцев удар

Сите ние многу добро знаеме дека миленичињата влијаат на нашата психичка состојба. Светот е преполн со луѓе на кои милениците им помогнале да се чувствуваат подобро. Но дали знаевте дека мачките можат да влијаат и на нашето физичко здравје и тоа со своето предење?

Мачките предат кога се задоволни и среќни. Звукот кој го испуштаат за време на предењето е од 10 до 25 херци, а научниците потврдиле дека тој звук позитивно влијае на луѓето.

Благодарение на таа ниска фрекфенција, кога мачката ќе легне на вашиот стомак, доаѓа до опуштање на телото и умот. Со тоа се намалува хормонот на стрес. Истражувањата докажале дека коските на луѓето побрзо зараснуваат кога се изложени на вибрации на фрекфенција од 25-50 херци, што значи дека мачките ни помагаат и во тоа. Мачките можат да го снижат и крвниот притисок, а истражувањата докажале дека нивното предење ја убрзува сиркулацијата, па сопствениците на мачки имаат 40% понизок ризик од срцев удар.

Исто така, мачките можат да откријат болести за кои не сте свесни. Постојат многу приказни за тоа како мачките често ги предупредувале сопствениците за болести на некои органи така што постојано седеле на болното место. Стручњаците дошле до заклучот дека предењето на мачките се разликува кога се обидува да го предупреди сопственикот, затоа обрнете внимание на тоа.

Слични содржини