Сопствениците на Њукасл дале пари за да се купи Челси!?

од Vladimir Zorba

Ова лето се случија радикални промени во сопственичката структура на Челси. Американскиот бизнисмен Тод Боли го купи лондонскиот клуб за пет милијарди евра од Роман Абрамовиќ, кој беше протеран од Велика Британија по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина. Сепак, целата работа може да предизвика огромен скандал во светот на фудбалот по веста на островските медиуми.

Како што пренесува „Дејли мејл“, арапските сопственици на Њукасл вложиле огромен капитал во инвестициски фонд во сопственост на Тод Боли. Сето ова го отвори прашањето за конфликт на интереси, но американскиот бизнисмен брзо се огласи и ги отфрли сите наводи. Сепак, во истиот материјал се додава дека арапскиот „ПИФ“ има имот од неколку милијарди евра, со кои стопанисува „Claerlake Capital“ зад кој стои Тод Боли.

Сето тоа е поттикнато од фактот што се беше далеку „под радарот“ од самиот старт на трансакцијата. Британците го критикуваа Боли за мала транспарентност, а конкретните детали за купувањето на Челси не се познати. Извесно е дека Американецот купил 60 отсто од правата, додека остатокот им припаѓа на Марк Валтер и Хансјерг Вас.

„Дејли мејл“ додава дека споменатата компанија управува со имот во вредност од над 70 милијарди евра, на име на неколку инвеститори, а дека еден од најсилните е „ПИФ“ кој неодамна го купи Њукасл.

Арапскиот фонд минатата година ги купи „Страчките“ од Мајк Ешли за 400.000.000 евра!

Слични содржини