Соработници на Мицкоски добија кривични за „криминалните парцели“ во делчевско, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог. Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски, соопштија попладнево од СДСМ.

Според владеачката партија, аите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.

-Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец.

Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани, порачуваат од СДСМ.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум физички лица, од кои две физички лица во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв СОИЗВРШИТЕЛСТВО по член 22 од Кривичниот Законик на РСМ, едно физичко лице поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв ПОМАГАЊЕ по член 24  од Кривичниот Законик на РСМ и четири физички лица во својство на склучувачи на договори за купопродажба на недвижен имот со ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв ПОМАГАЊЕ по член 24 од Кривичниот Законик на РСМ.

Слични содржини