Сорос го обвини Фејсбук за заговор со Трамп

од Nikola Popovski

Американскиот финансиер Џорд Сорос верува дека има некаков договор помеѓу Фејсбук и американскиот претседател Доналд Трамп, за компанијата да му помагне на Трамп во трката за претседателските избори. Сорос го изјави ова на маргините на Меѓународниот економски форум во Давос.

„Мислам дека Трамп и Фејсбук имаат еден вид неформален договор за взаемна помош“, рече Сорос, цитиран од Блумберг.

„Фејсбук ќе работи (Белата куќа) на реизбор на Трамп, а Трамп ќе го брани Фејсбук“.

Претходно, Сорос постојано ги критикуваше Фејсбук и Гугл, велејќи дека овие компании го монополизираат пазарот, спречувајќи ги иновациите и ги прават луѓето зависни од нивните услуги.

Сорос, еден од најбогатите луѓе во светот, е основач и управител на фондацијата „Сорос“. Според магазинот „Форбс“, неговото богатство достигнува скоро 25 милијарди долари. Во февруари 2016 година, Си-Ен-Ен објави дека Сорос донирал 6 милиони долари за демократската претседателска кампања на Хилари Клинтон, која беше ривал на Доналд Трамп. По последната победа на изборите во 2016 година, Сорос го нарече Трамп поддржувач на диктатурата и изјави дека САД стануваат мафија.

59-те претседателски избори во САД ќе се одржат на 3 ноември 2020 година.

Слични содржини