Милијардерот Џорџ Сорос побара од Марк Закерберг и Шерил Сендберг да се повлечат од функциите.

Тој во писмо до весникот Фајненшал Тајмс наведе дека одбивањето на Фејсбук да ги отстрани политичките реклами му помага на Доналд Трамп повторно да биде избран за претседател на САД.

Писмото е објавено пред посетата на Закерберг на Европа за време на која ќе побара од челниците на ЕУ поблага законска регулатива.

Предлозите на Закерберг наишле на млака реакција во Европа.

Тој сака да ја промени сегашната регулатива која се однесува на штетната содржина на интернет платформите.

Тјери Бретон европскиот комесар за индустрија изјави дека ЕУ нема да се прилагодува на компанијата туку тоа мора да биде обратно.

Во краткото писмо до Фајненшал Тајмс, Сорос истакнува: „Делува дека господин Закерберг има некој заеднички договор со Доналд Трамп да му помогне околу реизборот.

Фејсбук не мора да ја чека владината регулатива за да престане да прифаќа било какви политички реклами во 2020 година се додека не завршат изборите на 4 ноември.
Ќе го повторам предлогот – нека Марк Закерберг и Шерил Сендберг отстапат од позициите со кои го контролираат Фејсбук“.

Тој додаде дека иако го поддржува барањето на владата да донесе акти кои се однесуваат на социјалните мрежи, смета дека Закерберг ги мати фактите кога говори за контрола на интернетот.

Сорос е познат како критичар на Фејсбук, а во ноември 2018 година оваа компанија признала дека ангажирала фирма која се занимава со односи со јавност за да почне кампања против богатиот бизнисмен.

Слични содржини