На празничната трпеза секогаш се стремиме да направиме совршени јадења приготвени со многу љубов. Нивните богати и разновидни вкусови бараат соодветно винско друштво. Доброто вино сака добра храна.a1d923c729c74050cdbac586626ca747

За да биде празникот  незаборавен и секоја храна да остава неповторлив вкус, споделуваме неколку предлози за сорти вина кои може да се комбинираат со одредени видови храна.

Шампањот е совршен со нешто солено. Повеќето суви пенливи вина, како брут шампањско и шпанската кава, всушност имаат слаб допир на сладост. Ова ги прави исклучително освежувачки при комбинирањето со солена храна.

Совињон Бланк оди со сосови за салата кои имаат малку кисела нота. Ако планирате да им  принесете на вашите гости јадење во кое ќе има многу свежи билки збогатете ги со бело вино од австриската сорта Грјонер Велтлинер. Неговиот лесен цитрусен мирис прекрасно се чувствува во устата, кога се комбинира со свежи билки.

Каберне Совињон е одлично за сочни црвени меса. Неговите ноти ќе го дразнат непцето при секој залак месо.

Оние од вас кои сакаат на празничната трпеза да има рибни јадења треба да го додадете неверојатниот вкус на Пино Грижо.

Лесните јадења со морски плодови го сакаат вкусот на нежните бели вина, како што Пино Грижо, италијанскиот Арнејс или францускиот Шаблис. За мрсна и тешка риба со повеќе сосови изберете Шардоне.47ed05e4f1ad4c6f57320e85ea84d31f

Зачинетите јадења со благо-слатка нота преферираат суви сорти вина како Ризлинг.

Како  и на секоја празнично забава, така и на вашата сигурно сте планирале да има неверојатни десерти. Нив може да ги принесете исто со умерено слатки и малку газирани вина.
Обично дамите го сакаат вкусот на Розето, што е одлично за лизгање не само со ордевери.

Розовите пенливи вина имаат длабочина и богатство од вкус, што ги прави идеални за широк спектар на главните јадења.

На секоја празнична трпеза треба да има и примамливи сирења. Некои од нив одат добро со суво Розе кое ја има киселоста на белото вино и карактерот на црвените плодови.

Ако уживате во вкусот на Пино Ноар, знајте дека тоа се комбинира перфектно со землести мириси како печурки и тартуфи.

На празничната трпеза традиционално ќе сервирате и богати локални јадења со сосови. За нив најпогодни сорти вино се Шираз и Малбек.

Добар апетит!

Слични содржини