Солскјер пред отказ, Роналдо препорачал свој стар познаник

од Vladimir Zorba

Оле Гунар Солскјер е на столбот на срамот по секој пораз од Манчестер Јунајтед.

Така е и сега по поразот на „црвените ѓаволи“ од Лестер 4: 2 минатиот викенд. Во англиските медиуми се повеќе се шпекулира дека Норвежанецот наскоро ќе добие отказ.

Медиумите се занимаваат и со тоа кој би го заменил на жешката клупа. Така, „Мирор“ пишува дека Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со Зинедин Зидан, а тоа е затоа што Кристијано Роналдо им го препорачал тоа.

На крајот на минатата сезона, Зидан одлучи да го напушти Реал и да направи пауза. Тој неодамна беше поврзуван со Њукасл, но првично одби да разговара со нив.

Се шпекулира дека Зидан чека да стане селектор на Франција, но тоа сигурно нема да се случи следната година, барем не пред Светското првенство во Катар следниот ноември.

Слични содржини