Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, главна тема поддршка за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Фокусот на состаноците ќе биде ставен на зајакнувањето на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се сретнат во главниот град на Романија, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека учесниците на состанокот најголемо внимание ќе посветат на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“.

Министрите на 30-те членки на НАТО ќе се занимаваат и со прашањето за влезот на Шведска и Финска во алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг во петокот рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се обидува да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузници“.

Тема на состанокот ќе биде и зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „земји партнери кои на различни начини се соочуваат со руски притисок“, рече Столтенберг.

Слични содржини