Состанок на работната група за измени на Изборниот законик

од Nikola Popovski

Во организација на Министерството за правда, во Клубот на пратениците, попладнево, се одржа состанок на работната група за измени на Изборниот законик, на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијансата за Албанците, Беса, Алтернативата, Левицата, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократскиот сојуз, како и министерот за правда, Бојан Маричиќ, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На првиот состанокот, кој помина во конструктивна атмосфера, се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, предлози и размислувања за измените.

Договорено е овие разговори да продолжат следната недела, а на нив да бидат поканети и парламентарните партии на помалите етнички заедници.

Слични содржини