Состојба со коронавирусот до 17 часот: Бројот на починати во Холандија денеска се зголеми на 179

од Aleksandar Petrovski

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 318,967 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 13. 684, а оздравеле 96.006 лица.

-Бројот на умрени од коорнавирусот во Холандија денеска се зголеми за 43, на 179, а жртвите се на возраст од 57 до 97 години, соопштија здравствените власти. Бројката на потврдени случаи во земјата се зголеми за 573, на 4.204, што е раст за 16 отсто

-Во Австрија попладнево бројката на лица зазразени со коронавирус нарасна на 3.244, соопшти Министерството за здравство.

-Во Швајцарија во последните 24 часа се регистрирани 900 нови случаи на коронавирус,со што вкупниот број на заразени достигна 7.014, соопшти денеска Министерството за здравство. Досега во земјата се регистрирани и најмалку 60 смртни случаи.

-Српскиот епидемиолог Предраг Кон соопшти дека во земјата во моментов има 187  заразени лица , а од нив 97 се хоспитализирани, а 14 се ставени на респиратори. Досега две лица во земјата умреа од Ковид-19.

-Чешка  планира да ги држи затворени своите граници „многу месеци“, изјави денеска за телевизијата „Прима“ Роман Примула, шеф на националниот кризен штаб за борба со епидемијата . На странците ќе им  биде дозволено да ја напуштат земјата, но потоа нема да можат да се вратат, изјави Примула.

-Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи соопшти дека од среда ги прекинува сите патнички летови поради  коронавирусот, бидејќи неколку земји од Блискиот Исток ги заострија ограничувањата за движење.

-Палестинскиот премиер Мухамед Штајех нареди затворање на целиот Западен брег, што ќе почне од вечерва како превенција од ширењето на коронавирусот во оваа палестинска територија.

Слични содржини