Состојба со пожари: Гори во Градско и Куманово

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше за состојбата со пожарите во земјава.

-До 15 часот имаме пожар на сува трева во с. Горно Агларци општина Новаци. Интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари. Пожарот е локализиран. Оштетена е една дрвена бандера, информирани се и ЕВН.

ТППЕ Велес од 14:00 часот интервенира на подрачјето на Општина Градско, поточно помеѓу с. Ногаевци и патарина на пожар на отворен простор. Гори трева и ниска вегетација. ТППЕ Велес со 5 пожарникари и 1 ПП Возило се на лице место и го гаснат пожарот.

ТППЕ Куманово во 14:10 часот интервенира на ул.Бајрам Шабани на запалена стрниште интервенирано со 1 ПП возило 2 пожарникари, соопштија од ЦУК.

Слични содржини