Состојбата се стабилизирана, зголемен е бројот на оздравени пациенти од ковид 19

од Берта Китинска

Забележано е намалување на бројот на нови случаи на ковид-19, како и процентот на позитивни од тестирани, а зголемен број на оздравени лица регистрира Институтот за јавно здравје во неделниот извештај за ситуацијата со епидемијата во земјава.

-Динамизирањето на постапката за добивање на вакцини за сите земји е израз на пријателство и солидарност. На денешната онлајн средба со регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге и претставници од оваа организација, премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров дискутиравме за актуелната состојба во земјава со КОВИД-19. Состојбата е стабилизирана. Имаме зголемен број на оздравени пациенти и намален болнички капацитет за третман и лекување на пациенти. Преку КОВАКС механизмот оваа година очекуваме 833.000 дози на вакцини. Се заблагодарувам на СЗО за помошта и поддршката која ни ја додоа во овој тежок период. Спремни сме и за следниот предизвик, периодот на вакцинација, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Во ковид центрите во сите болници низ земјава, вклучувајќи го и Скопје, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои во последното деноноќие се лекуваат на инфективните оддели изнесува 598 и има околу 650 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683.

Слични содржини