Состојбата со коронавирусот во Србија се влошува, Брнабиќ откри дали ќе има карантин

од Берта Китинска

Српската премиерка  Ана Брнабиќ процени дека ако граѓаните не бидат дисциплинирани, може брзо да влезат во проблеми.

“Лесно можеме да го забележиме зголемувањето на бројот и сигурно е дека ќе имаме влошување во деновите пред нас”, рече Брнабиќ и апелираше до граѓаните да носат маски.

На прашањето како би изгледал колапсот на здравствениот систем, Брнабиќ рече дека ќе биде исто како и во Њујорк, Италија … и тоа значи дека нема да има место за интензивна нега, нема да има анестезиолози …

“Имаме опрема но може ќе се најдеме во ситуација да нема доволно. Сепак, не можеме да си дозволиме сите болници повторно да бидат полни, мора да лекуваме и луѓе од други болести. Отвораме привремена болница во Арената затоа “, рече Брнабиќ.

Таа рече дека во овој момент не се планира затворање и забрана за движење.

„Прилично сум сигурена дека ќе можеме да го избегнеме тоа и да го спречиме третиот бран на некој друг начин“, рече Брнабиќ, додавајќи дека е многу тешко да се контролираат сите кафулиња.

 

 

Слични содржини