Состојка во нелепливите тавчиња за готвење влијае на големината на пенисот

од desk2

Истражување на научниците од Универзитетот во Падова откри дека мажите чии родители биле изложени на високи нивоа на перфлуороалкални материи (PFC/PFAS) може да имаат потенки и пократки полови органи.

PFC/PFAS материите се користат во производството на амбалажа за храна како ќеси за леб, пуканки за во микробранова печка, како и во водоотпорна облека и тавчиња со нелепливо дно.

Daily Mail објави дека италијанските научници откриле дека мажите чии родители живееле во подрачјата контаминирани со PFC/PFAS материи кога ги зачнале, имаат за 12,5 отсто пократки и за 6,3 отсто потенки пениси во споредба со мажите чии родители не биле изложени на овие материи.

За докажување на тезата биле измерени половите органи на 383 мажи на просечна возраст од 18 години и тоа 112 мажи кои израснале во Падова и 171 маж од други подрачја.

Падова, град во близина на Венеција, заедно со холандскиот град Дордрехт, кинексиот Шандонг и американската сојузна држава Западна Вирџинија, се места познати по високата концентрација на PFC/PFAS материи.

Слични содржини