Сотировски: „Лев Тахор“ е мирољубива група, немаат контакт со Еврејската заедница

од Nikola Popovski

Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи информира дека групата „Лев Тахор“ кои моментално се сместени во хотел во Скопје на непозната локација, немаат контакт со македонската Еврејска заедница и немаат третман на верска група.

-Тоа што се молат во рамки на куќите и хотелите каде што претстојуваат е приватна работа и дел од нивното право. Сепак тие се само група на странски државјани и тоа е фактичка состојба. Мета на дискриминација е нивниот надворешен изглед, што е најпримитен облик на дискриминација. Стапив во контакт со МВР и добивам информациите за нивната безбедност и безбедноста на нашите граѓаните. Сакам да потенцира тие се мирољубива група и нема цел за делување во нашето општество. Нивната безбедност говори за нас како општество. Лошо реагираме и тоа е така затоа што на граѓаните им делува чудно, кажа Сотировски во емисијата „360“.

Фото: LA PRESSE CANADIENNE / DAVE CHIDLEY

Слични содржини