Сотојба во Европа: Во Италија приоритет за вакцинација е свештенството, Британците ќе се тестираат двапати неделно

Свештениците, монахињите и луѓето што живеат во верски заедници се меѓу приоритетните групи за вакцинација против коронавирусот, соопштија денеска италијанските власти за ревидираната листа на приоритетни групи за примање на вакцината.

Оваа недела во областа Пиемонт ќе биде отворен посебен центар за вакцинација на лица од оваа приоритетна група, објави Ројтерс.

Центарот, во болничката област во Торино, од среда ќе има задача да ги вакцинира будистите, католиците, евреите и муслиманите, како и претставниците на католичките институции во Пиемонт.

Свештениците ќе бидат вакцинирани во согласност со националниот план за приоритети, прво лица постари од 80 години или со одредена попреченост, а потоа и оние постари од 70 години.

Секој во Англија ќе може да направи брз тест двапати неделно

Од петок, сите англиски граѓани ќе имаат можност да направат брз тест за вирусот корона двапати неделно, како дел од продолжувањето на програмата за тестирање спроведена од британската влада.

Тестовите, кои даваат резултат за околу половина час, ќе бидат бесплатни, пренесува Би-Би-Си.

Тестовите веќе им се понудени на учениците во училиштата и нивните семејства, како и на вработените кои треба да одат на работа.

Министерот за здравство тврди дека тестовите ќе помогнат да се спречи појава на нови жаришта, во време кога мерките за локдаун се олабавуваат.

Критичарите на програмата сметаат дека постои ризик таа да се претвори во „скандалозно“ трошење пари.

Предвидено е британскиот премиер Борис Џонсон да се состане со членовите на владата за да ја потпише следната фаза на олеснување на мерките во Англија, што вклучува повторно отворање на сите продавници кои не продаваат производи потребни за граѓаните, како и дозволување на пабовите и рестораните да работат на отворено. 12 април.

Слични содржини