Совет на амбасадори: Средбата во Охрид е значаен влог за прогрес на земјите кон ЕУ

од Nikola Popovski

Советот на амбасадори денеска испрати порака дека средбата во Охрид меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Косово, Албин Курти за спроведување на Анекс договорот на Планот на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија е исклучително значаен влог во двете насоки: стабилност и соработка во соседството и регионот и забрзан прогрес на овие земји кон ЕУ.

-Оценка на Советот е дека Охридскиот договор за надминување на конфликтните состојби меѓу Србија и Косово, кои ги подигаат тензиите и во целиот регион до ризично ниво, произведува и позитивен импакт врз политичките, па и развојните процеси за Македонија и за нејзините европски перспективи, велат амбасадорите.

Советот оценува дека улогата на респектиран домаќин на еден ваков значаен регионален настан, под високо внимание и изразита подршка на ЕУ и на САД, ја рангира нашата држава меѓу малите земји кои добиваат сé посилна меѓународна афирмација како респектибилни и сериозни партнери на клучните држави и политички субјекти на европски план.

Слични содржини