СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Ќе одговориме жестоко на сите провокации на руските граници

од Vladimir Zorba

РУСИЈА жестоко ќе одговори на какви било провокации во близина на нејзините граници, како што е онаа што му се случи на британскиот разурнувачот во Црното Море – рече заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов.

Тој исто така потенцираше дека националноста на сторителот на прекршокот нема да се земе предвид по тој повод.

– Предлагаме на нашите противници многу добро да се запрашаат дали е паметно да организираат провокации од ваков тип и да ги земат предвид можностите на руските вооружени сили – потенцира Попов во интервју за весникот „Руска газета“.

Посочи и дека изјавите на британските политичари поврзани со инцидентот со разурнувачот не исклучуваат слични инциденти во водите на Руската Федерација во иднина.

„Британските морнари намерно тргнаа на провокација, сепак Русија навремено го спречи сето тоа“, заклучи тој.

Слични содржини