Совети на турски лекар: Водата e важен сојузник во борбата против коронавирусот

од Nikola Popovski

Специјалистот за внатрешна медицина, турскиот лекар Арзу Акгјул изјави дека водата игра важна улога во борбата против многу болести, вклучувајќи го и коронавирусот, пренесува весникот „Созју“.

Според него, водата е основно средство за регулирање на метаболичките процеси во организмот, како и за испорака на хранливи материи на клетките.

Лекарот потсетува дека водата овозможува елиминација на токсините од телото, ја регулира телесната температура, како и густината на крвта. Инаку, токсините се собираат во крвта, што може да предизвика лицето да страда од уролитијаза или да доведе до намалена функција на бубрезите.

Според Акџул, една од мерките за заштита од коронавирусот е зајакнувањето на имунитетот, за што е потребна здрава и урамнотежена исхрана.

„Дневното внесување на доволна количина вода придонесува за ослободување на токсини од организмот, неутрализирајќи ги бактериите и вирусите“, потенцира лекарот.

Исто така, тој потсетува дека плакнењето на устата со сол или топла вода е исто така корисно. Покрај тоа, внесувањето на вода во чести интервали спречува дехидрираност и придонесува за зајакнување на имунитетот.

Лекарот советува дека во текот на летото треба да пиете по минимум два литри вода дневно, а во зима најмалку литар и пол.

Слични содржини